Кои се најдобрите години за секс?

1751

Кога е најдобро време за секс? Како луѓето го доживуваат тоа во дваесеттите години, а како во педесеттите години? Писателката Трејси Кокс се обиде да одговори на овие и слични прашања во нејзината нова книга „Одличниот секс започнува од педесеттите години“.

Според нејзиното мислење, дваесеттите години се идеални за експериментирање. Слободата и несигурноста се мешаат кога човекот е толку млад, врските често се расипуваат и започнуваат некои нови. Сексуалниот нагон е многу силен, а размислувањата на оваа тема се чести.

Секс во тројка, со личност од ист пол, секс за една ноќ … сето тоа им паѓа на ум на луѓето во дваесеттите години. Сепак, тие се многу често несигурни затоа што се фокусирани на повеќе на изгледот отколку на задоволството.

„Нема совршено тело. Да се ​​биде добар во кревет значи не само да имате одлично тело, туку и ентузијазам. Ако не се чувствувате добро по сексот – спиевте со погрешна личност “, пишува Коксова.

Кога ќе бидат малку постари, односно во четвртата деценија од животот, луѓето обично стапуваат во брак, а потоа настанува помирна фаза. Повеќето неверства се случуваат кај луѓе на овие години, бидејќи не можат да замислат дека ќе спијат со иста личност до крајот на животот.

Продолжува на страна 2