Кои се најдобрите години за секс?

1751

Сепак, во исто време, луѓето се генерално побезбедни од порано и подобро го познаваат своето тело. Иако некои жени имаат проблем да достигнат оргазам за време на дваесеттите години, во триесеттите години тоа не претставува никаков проблем, затоа што тие се поискусни и точно знаат како да му објаснат на партнерот што сакаат.

Четириесеттите години, може да се каже, се пресвртница во сексуалниот живот. Концентрацијата на луѓето е на задоволството, а физичкиот изглед паѓа во втор план. Либидото е сè уште многу силно, така што ситуацијата во спалната соба е доста добра.

Можеби малку изненадувачки, но Трејси Кокс тврди дека сексот е најдобар во педесеттите години. Иако сексуалниот нагон почнува да опаѓа по менопаузата, сексот сепак може да биде подобар во средната возраст, бидејќи жените се целосно опуштени.

„Вашите деца се пораснати, вашата кариера е изградена и имате време да се посветите на себе. „Сексот тогаш е побавен и поеротски“, вели таа.