Постојат 5 типа на парови, од кои само три се среќни

1440

Секоја врска е специфична за себе и вклучува различна рамнотежа помеѓу среќата и незадоволството. Сепак, постојат некои знаци кои откриваат во секој од нив дека нешто не работи.

Експертите од институтот „Gotman“, институција која проучува љубовни врски веќе 40 години, открија дека постојат пет видови на парови:

  • оние со партнери кои избегнуваат конфликти

  • оние со партнери кои се поддржуваат едни со други

  • оние со партнери кои си дозволуваат промени во расположението

  • оние со партнери кои се непријателски расположени

  • оние со партнери кои се непријателски расположени, но и отуѓени едни од други

Партнерите кои припаѓаат на првата група прифаќаат дека има разлики меѓу луѓето и не се обидуваат да се менуваат едни со други по секоја цена, туку секогаш се обидуваат да најдат заеднички јазик и да постигнат компромис.

Партнерите кои припаѓаат на втората група даваат приоритет на давањето поддршка, изразувањето со љубезни зборови и давањето комплименти едни на други. Тие мислат дека тоа е сигурен рецепт за хармонична врска.

Третата група парови навидум се карактеризира со нестабилност, сепак, партнерите во ваквите врски наоѓаат начин да си кажат едни на други што им пречи, но тие не дозволуваат тоа да оди предалеку и секогаш размислуваат како да ја подобрат нивната врска

Значи, ова се трите типа на врски, за кои можеме да кажеме дека се полни со среќа и љубов. Истото не се однесува на четвртиот и петтиот вид на односи. Партнерите во таквите односи се секогаш на работ и инсистираат поа секоја цена да се прифати нивната позиција за реален или замислен проблем. Тие немаат разбирање едни за други и на секој мал приговор гледаат на напад што доаѓа од непријателски импулси.

Како рецепт за решавање на конфликтите во односите, Институтот „Gotman“ нуди систем наречен Сооднос 5: 1. Идејата за овој систем дека секоја лоша работа што сте му ја направиле на вашиот партнер, вклучувајќи, на пример, премногу злонамерен коментар или заборавање на важен датум, треба да се компензира со пет работи што ја покажуваат вашата убов. Може да биде убав збор, купување подароци, организирање патување, некоја услуга или што било друго што ќе значи многу за вашиот партнер.