Мешавина од млеко и куркума со години се користи во древната индиска ајурвердска пракса, но ако додадете уште неколку состојки, ќе добиете пијалак што го регулира варењето и го подобрува спиењето.
Потребно
- 2 чаши кокосово млеко
- 1 лажичка куркума во прав
- ¼ лажички црн бибер
- 1 мало парче ѓумбир
- мед или засладувач каков што сакате
Подготовка
Ставете ги сите состојки (освен медот) во тенџере и оставете ги на средно силен оган. Кога ќе почне да врие, намалете го огнот и варете уште 5 минути. Отстранете го ѓумбирот, поделете го пијалокот во две чаши, додадете го медот и испијте го топол. Пијалокот му дава топлина на телото и овозможува брзо и лесно спиење.



















