4 филџани кафе на ден доведуваат до прерана смрт

1513

Пиењето четири филџани кафе на ден го зголемуваат ризикот од рана смрт, но само ако сте под 55-годишна возраст, открија американските научници.

Тие открија дека пиењето на 24 кафиња неделно го зголемува за 50% ризикот од предвремена смрт кај младите луѓе. Резултатите се дел од големата анкета на американскиот начин на живот со учество на 43 727 волонтери на возраст меѓу 20 и 87 години.

Американските научници веруваат дека претерувањето со кафе може се одрази негативно врз метаболизмот. Луѓето со „генетска зависност за кафето” се изложени повеќе на штетните последици, дополнуваат истражувачите.

Нивното истражување противречи на голем број други кои го поврзуваат умереното пиење кафе со долговечноста. За 16-те години, колку што траело истражувањето биле регистрирани 2 500 смртни случаи.Малку под една третина од нив се од кардиоваскуларни или артериски заболувања.Учесниците кои пиеле повеќе кафе, повеќето и пушеле, а како резултат на тоа срцето и белите дробови не им биле така здрави.

Ризикот од смрт расте кај мажите со 56% и жените под 55-годишна возраст кои пиеле над 28 филџани кафе на недела, утврдиле истражувачите. Тие сепак, не објаснуваат зошто кафето не влијае на ист начин врз здравјето на постарите луѓе. Пијалакот содржи илјадници различни хемиски супстанци, кои се одразуваат како позитивно, така и негативно врз здравјето.

Неодамнешното истражување покажа дека кафето е голем извор на антиоксиданси и може да го намали воспалителните процеси и да го подобри функционирањето на мозокот. Но, во исто време кафето го стимулира ослободувањето на адреналинот, инхибира инсулинска активност, го зголемува крвниот притисок и нивото на хомоцистеин, штетни хемикалии, поврзан со срцевите болести и деменцијата.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.