Молекуларни биолози од САД развија нова сорта компири, богати со корисни материи и лишени од канцерогени состојки.
Бојата на зеленчукот не е вообичаената бела или жолта, туку пурпурна. Тоа го открија од Универзитетот во Колорадо.
Невообичаената боја на мекиот дел е доказ за големото присуство на антиоксиданси, се вели во соопштението. Научниците во текот на многу години работат над специјалната сорта.
Освен со антиоксиданси, тој е богат со витамин Ц, фолна киселина, калиум, железо, цинк и различни соединенија.
Според американските биолози, компирите содржат во себе толку антиоксиданси како боровинките или калинката, кои се сметаат за најдобар извор на овие супстанции во природата.
Во црвено-виолетовиот вид исто така нема материи кои се претвораат во канцерогени при пржење или варење.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















