Еден од најдобрите совети кои сме добивале за убавината беше дека не треба да се потпираме на ѓумбирoт само и единствено за чај или зачин за јадење во кујната.
Оваа суперхрана, освен дека има голем број на бенефиции за здравјето и лековити својства, е одлична за кожата и косата.
Ви претставуваме неколку причини за тоа и како точно да извлечеме максимум за својот совршен изглед.
1. Ѓумбирот е полн со над 40 антиоксиданси кои се борат успешно со сите знаци на стареење. Не само што ѓумбирот ќе помогне на кожата со перење на токсините, но и ќе ја подобри циркулацијата. Другите придобивки вклучуваат намалување на штетното влијание на слободните радикали и затегнување на кожата.
2. Редовно страдате од појава и знаци на акни? Наместо да посегнувате кон крем против акни, пробајте со ѓумбир. Овој зачин е познат по високо ефикасните антисептички својства, кои се справуваат добро со отстранувањето на бактериите кои ја предизвикуваат појавата на мозолчиња.
3. Друга предност на ѓумбирот е својството да ја подобрува целокупната состојба на различни видови лузни предизвикани од пигментација. Иако се посветли од лузните од акни, овие резултати од хиперпигментација се гледаат и предизвикуваат непријатност. Ставете парчиња свеж ѓумбир врз нив и уживајте во ефектот.
4. Антиоксидантните својства на ѓумбирот се познати и како главните “виновници” за мека кожа и израмнување на тенот. Нанесете си маска од ѓумбир, мед и сок од лимон, оставете да делува неколку минути и потоа исплакнете темелно со вода.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















