Комплименти кои секој маж сака да ги чуе

1698

Жените често добиваат комплименти од непознати мажи на улица или во локалите. Господата од друга страна не можат да се пофалат со истото.

Од оваа причина тие се жедни повеќе од сè да бидат прифатени и вербално од своите партнери.

Еве и што тој копнее да чуе, за да знае дека го цените.

Леле, ти си вистински секс бог!

Може и да не си признава, но најмногу од сè сака да ги пофалите неговите вештини во креветот. Поласкајте му го егото, ќе се потруди уште повеќе.

Што ли ќе правев без тебе?

Мажите сакаат да се чувствуваат потребни.Длабоко во нивните умови тие сакаат да бидат вашиот храбар витез, кој секогаш ја спасува ситуацијата. Понекогаш е убаво да влезете во улогата на беспомошната убавица, за да му дадете шанса да ве “спаси”. Не заборавајте да му искажете благодарност со зборови, а потоа и со нежен бакнеж / прегратка / романтична вечер.

Обожавам да го поминувам времето со тебе

Како и сите човечки суштества и мажите имаат свои комплекси и сомнежи. Тој може да изгледа како супермодел или да има банкарска сметка на Роман Абрамович, но најважно за него е да знае дека го цените мажот, човекот, а не вештините и изгледот.

Ти си одличен во својата работа

Ласкањето на неговиот интелект е задолжително! Секој маж чека да добие признание за професионализам. Бидете покреативни и додадете дека му се восхитувате на дисциплината и посветеноста кон работата.

Толку си секси, што ми станува жешко само кога те гледам

Да, не ја заборавајте и суетата! Некаде меѓу другите комплименти задолжително вметнете нешто позитивно за изгледот на начин на кој ќе разбере дека се гордеете со маж како него и секогаш би го избрале пред другите додворувачи.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.