Зошто мажите загледуваат други жени?

805

Иако речиси секоја жена ќе збесне ако нејзиниот маж загледа друга жена на улица, мажите тврдат дека љубомората е неоправдана.

Секоја жена се чувствува загрозена ако го фати својот маж како гледа друга жена затоа што мисли дека ја спореднува со неа. Сепак, мажите тврдат дека низните мисли се поинакви.

Без оглед на тоа колку е атрактивна и самоуверена, во тие моменти жената помислува: „Ја гледа неа затоа што е позгодна и поубава“. Потоа ќе го протолкува тоа како да не му е доволна на партнерот, а ќе ја мачи и што нејзиниот маж фантазира за згодната девојка во следните денови.

Мажите велат дека жените треба да го знаат ова – тоа што погледнуваат друга жена која поминува покрај нив не значи дека фантазираат за неа следните пет дена, туку таа исчезнува од нивните мисли штом помине.

Мажите сметаат дека фактот што се во врска или во брак не значи дека не треба да ги забележуваат убавите работи околу себе. Иако понекогаш помислувааѕ дека друга жена е попривлечна од нивната, на крајот на денот тоа воопшто не е важно.

Тој ве одбрал вас и ако навистина ви е посветен, тогаш ова ништо не му значи.