Детоксикација со краставици

1752

Краставиците се познати по тоа што содржат многу вода, но и активни состојки благодарение на кои се прочистува телото од наталожените отрови.

Основната верзија на овој детокс-план трае 10 денови, а има и продолжена, која трае 14 денови. Во зависност од тоа колку сте физички активни, може да ги изгубите дури и најупорните вишок килограми и да добиете одлична линија.

Основа е салатата од краставици, односно таратурот, а во текот на овие 10 денови можете да јадете по 2 сварени јајца, 150 гр туна, 150 гр пилешки стек, 2 варени компира, 3 парчиња интегрален леб и 500 гр овошје, комбинирајќи дневно мени од дозволените состојки.

За салатата од краставици потребно ви е 400 гр исецкана краставица, 200 мл кисело млеко или јогурт, сосема малку сол и по желба лук.

Додаток е смути од краставица, кое се подготвува така што во блендер ставате една краставица, неизлупена, неколку листови спанаќ, едно јаболко и малку ѓумбир. Пијте го ова смути веднаш, бидејќи како што оксидира, ги губи хранливите материи.

Веднаш ќе забележите дека го исфрлате вишокот вода од телото, а по некое време, во комбинација со физичка активност, ќе забележите и губење на вишокот килограми и што е најважно, тоа не се случува нагло, туку постепено.