Кинезите ја достигнале температурата од 50 милиони степени Целзиусови – три пати пожешка од Сонцето

1420

Во 2016 година, кинески инженери успеале да го загреат водородот до температура три пати повисока од таа на Сонцето.

Тимот успеал да ја одржи температурата од 50 милиони Целзиусови степени, околу две минути со што постигнале рекорд со кој е докажано дека еден ден од нуклеарната фузија може да настане широко достапен извор на енергија.

Кинескиот експеримент бил спроведен на магнетен фузиски реактор во Институтот за физика во Хефеј. Реакторот ЕАСТ го загреал водородот на околу 50 милиони Келвини (49,999 милиони Целзиусови степени).

За споредба, Сонцето генерира температура од околу 15 милиони Келвини.