Дали и како ќе се отвораат училиштата и градинките?

1671

Училишен час по 30, наместо 45 минути, само 15 деца во училница, во клупа по еден, а не двајца, сите со маски.

Две недели во улилиште, па две дома. Ќе има ли од септември образовен процес во пандемија по германски терк, но прилагоден на македонските просторни услови?

Конечна одлука за препораката на комисијата за заразни болести „ќе падне“ до крајот на неделава. Комисијата ги слуша и предлозите на министерствата за образование и труд и социјална политика, вели Д-р Андоновски.

Прво ќе се одлучува за градините. Веќе се собираат податоци од родителите кои ќе треба да имаат и писмена изјава од фирмата во која се вработени, оти не можат да работат од дома.

Градинките, по препорака од Комисијата имаат клуч на врата веќе четири месеци.

Вратите на градинките останаа затворени во летниот период. Иако имаа план, здравствените власти не дадоа зелено светло за да се примат децата во градинките.

Властите правеа и скрининг на негувателките во градинките за да стартуваат со работа на средина на јуни. Тоа не се случи поради растот на кривата на заразени и смртни случаи од коронавирусот.

До 10 август конечно ќе се знае како од септември ќе се одвива воспитно-образовниот процес во услови на пандемија.

kanal5.com.mk