На лесен и брз начин подгответе слатко задоволство -чоко торта, за која не мора да ја вклучувате рерната.
Потребно
1. 400 грама од некој кекс кој може да се измеле
2. една лажица Nesquick и млеко по потреба
3. Фил
4. 500 мл млеко
5. 4 жолчки од јајце
6. 6 лажици шеќер
7. 1 кесичка ванила
8. 100 грама шеќер
9. 6 лажички брашно
10. 250 грама маргарин
11. 100 грама чоколадо за готвење
12. декорација
13. 2 кесички шлаг пена од чоколадо
Подготовка
Смелете го кексот, додајте Nesquik и по малку додавајте млеко за да се добие смеса од која може да се направи кора. Во посебен калап за cheesecake истурете ја и оформете ја кората.
За филот
Жолчките изматете ги со 6те лажици шеќер и ванила во прав, додадете брашно и малку млеко , изматете го со миксер за да се стопат грутките од брашно. Остатокот од млеко оставете го со 100 грама шеќер да изврие. Таму додадете ја изматената смеса и бркајте, внимавајте да не ви загори. Оставете го филот да се излади. Маргаринот сматете го во пенаста состојба и измешајте го со изладениот фил. Потоа поделете го на два дела. Во едниот додадете 100 грама сецкана чоколада, а во другиот 50 грама чоколадо стопено на пареа.
Преку корате нанесете го филот со сецкано чоколадо, а над него филот со стопено чоколадо. На крај изматете ја шлаг пената и прелијте ја тортата со неа.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















