Кога да ја переме зимската облека?

1389

Никој никогаш не ветил дека перењето ќе биде забавно поминување, но сигурно е дел од нашето секојдневие.

Обично често имаме навика да го одлагаме перењето на алиштата од зимскиот гардеробер, бидејќи кај нив постапката е значително посложена отколку со летната облека.

Сепак, некако не ни се сака да го намокриме омилениот џемпер со крупна плетка или елек од кашмир.

Колку често сепак треба да ја переме облеката? Комплексно прашање, на кое го имаме точниот одговор.

Ви претставуваме полна листа со облека и кога треба да ја испереме.

Џемпери (дебелите) – секои 3-4 носења

Џемпери (тенки) – на секое носење

Тексас – на секое второ или трето носење

Топ – на секое носење

Кошули – слично на џемпери, на 3-4 носење, во зависност од тоа дали имате нешто под нив.Ако ги носите директно на кожата, на секое облекување.

Фустани – на секое носење

Службени алишта – на секое носење

Пижами, постелнина – на секои 3-4 дена

Јакни – на неколку недели

Марами – на неколку недели

Зимски капи – на неколку недели

Имајте на ум дека облеката се носи директно на кожата, и го впива истото количество нечистотија, без разлика од материјалот, од кој се направени. Горната облека бара често перење од проста причина што има директен контакт со јавниот превоз, вратите и дури и допир со други луѓе.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.