12.30 до 3.30 часот – Космичките зраци ја напаѓаат земјата ???

3070

Само пред неколку минути добив порака од моја пријателка. Со пораката ме замоли да го исклучам мобилниот телефон помеѓу 00.30 и 03.30 часот денес и да го ставам подалеку од мене во случај да спијам. Се наведува и уште пораката да ја проследам до моите драги пријатели како би си ги спасиле животите.

Чудно е како човечкиот ум веднаш размислував да ги повика родителите дома, а помислив да ја препратам пораката и до брат ми. Среќа имам брз пристап до Интернет… И пред да ја препратам пораката, решив да протрчам малку по Интернет. Но за изненадување, не можев да ја најдам вестта на која било од доверливите веб-страници.

Сè што можев да забележам беа разните реакции на луѓе од различни места, во кои се наведува несоодветноста на информацијата. Но имаше и од оние кои веруваа дека космичките зраци вечерва ја напаѓаат Земјата, па затоа треба да ги исклучиме нашите телефони. Оваа вест кружи уште од 2008 година.