Еве колку трае добриот секс

1293

Колку треба да трае сексуалниот чин, за да биде окарактеризиран како “добар”? Неколку секунди или цела ноќ?

Многумина веројатно се прашуваат која е идеалната должина на “гужвањето на чаршафите”. Веруват еили не, љубопитните треба да знаат дека најдобриот секс трае неколку минути, а не со часови, откриваат експерти, цитирани од “Дејли стар”.

Истражување направено меѓу специјалисти во различни сфери од САД и Канада – сексолози, лекари, сестри, брачни советници, семејни терапевти, кажуваат каква според нив е идеалната должина на односот – од продирање до ејакулација.

Во просек експертите предвидуваат дека сексуалниот чин со траење од една до две минути е “премногу краток”, меѓу три и седум минути – “адекватен”, меѓу седум и 13 минути – “пожелен” и помеѓу 10 и 30 минути – “премногу долг” .

“За жал современата поп култура наметнува нереални стереотипи за машки атрибути со завидна големина и цврстина и за полови односи кои траат цела ноќ.“

Претходните студии сепак покажувале дека желбата на повеќето луѓе е сексот да трае околу половина час. Кога очекувањата и реалноста се разминуваат, многумина се разочарани и незадоволни.

“Се надеваме дека оваа студија ќе даде реална слика за прифатливиот сексуален однос и ќе им помогне на луѓето да се заштитат од сексуални разочарувања”, вели Ерик Кортни од истражувачкиот тим.

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.