Пилинг за тело со зелен чај и кокосово масло

1018

Убавината и здравјето на кожата на телото зависат од секојдневните грижи, кои ги вложуваме за неа. За да биде мазна, добро хидрирана и сјајна, еднаш или два пати неделно е добро да правиме лесен пилинг, со кој ќе ги отстраниме мртвите клетки на кожата.

Денес ви нудиме еден рецепт за домашен пилинг со зелен чај, кокосово масло и кристален шеќер. Зелениот чај ќе го подобри тенот на кожата, ќе ја направи поцврста, забавувајќи го стареењето.

Кокосовото масло е едно од најдобрите хидратанти, кој негува во длабочина и го намалува ризикот од појавата на стрии на кожата. А шеќерот нежно ќе го елиминира горниот слој мртви кожни клетки.

Сѐ што треба да направите сомелете во блендерот листови од зелен чај и да ги комбинирате со половина чаша кокосово масло и чаша шеќер. Оваа мешавина може да се чува во стаклена тегла на суво и ладно место.

Пилингот се нанесува на мокра кожа со лесни масажни движења. Масирајте 1-2 минути, а потоа исплакнете со вода.

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.