Научниците веруваат дека Земјата го доживува првото масовно изумирување после ерата на диносаурусите од пред 50 милиони години. Повеќе од 40 проценти на водоземците и четвртина од цицачите се изложени на ризик на целосно исчезнување од планетата.
Ова се случува поради човечката активност и климатските промени, а особено изложени на влијание се океаните. Повеќе од четвртина од водните видови може да исчезнат до 2050-та година, според Меѓународниот сојуз за конзервација на природата, кој составува годишен список на најзагрозените видови од дивината.
Синиот кит, едно од најголемите суштества на светот, е критично загрозено, на чекор до изумирување, со само триесетина единки преостанати во светот. Цицачот се заглавува во нелегалните мрежи за риболов. 60 проценти од слатководните видови како крокодилите, нилските коњи и речните делфини се класифицирани дека се „под закана“ и без соодветна заштита. Плашливиот пангулин е најшверцуван цицач на светот поради големата побарувачка во Азија, бидејќи неговото месо се смета за деликатес.
Повеќе од половина од приматите во опасност од изумирување поради уништувањето на нивните живеалишта или ловот и нелегална трговија со диви животни. Повеќе од 4 од 6 видови на примати се или загрозени или пак пред целосно изумирање.
Многу диви мачки се на раб на изумирување, вклучувајќи го и суматранскиот тигар и леопардот. Преостанатите пет видови носорози се загрозени најмногу од ловокрадците. Белиот носорог е веќе изумрен во дивината и многу малку единки се преостанати во засолништа.
Бројот на азиските слонови се намали за најмалку 50 проценти во последниве генерации, со помалку од 50.000 преостанати во дивината.
Причина за грижа е и иднината на 6 од 8 поларни мечки, како и пандите.



















