Успешните родители им помагаат на своите деца да пораснат во добри, самоуверени личности и постојано ги учат како да бидат задоволни и среќни со својот живот.
Да се биде добар родител значи да се одвојува време за себе, со цел да се посвети потребното дневно трпение и љубов кон децата.
Овие пет навики ги имаат сите успешни родители.
Станување рано
Навистина ќе се изненадите од тоа колку значи да се разбудите пред вашите деца и да се подготвите за денот кој следува. Без разлика на тоа дали ќе одвоите време за себе или ќе ги организирате сите работи, на крајот од денот ќе си бидете благодарни. Тие неколку дополнителни минути сон можеби ви звучат идеално, но ако се разбудите поради викањето или плачењето на вашите деца, тогаш утрото и целиот ден нема да ви бидат исполнети со максимална енергија и расположение. Кога одвојувате наутро време за вас, тогаш си помагате себеси да имате повеќе трпение и сила.
Делење одговорности
Завршувањето на сите домашни обврски, како и дневната грижа за децата, дури и најсмирените родители може да ги полуди. Ако имате партнер, тогаш направете договор да ги поделите сите одговорности, односно грижата за децата и домашните обврски. Ако пак сте самохран родител, тогаш побарајте помош од некој од вашето семејство или пак вработете личност која барем еднаш месечно ќе го средува вашиот дом. Покрај тоа, вашите родители сигурно секогаш со насмевка ќе прифатат да ги причуваат децата.

Придржување на рутина
Децата најчесто сакаат рутини, па затоа олеснете си го животот со барем една. Поставете правила во домот и секогаш придржувајте се до нив. На пример, ако вашите деца треба да заспијат до 21 часот, тогаш започнувајте со рутините за легнување еден час порано. Секој ден придржувајте се на истото време. Кога децата не се послушни, тогаш поставувајте некои казни, како на пример помалку време за гледање на телевизија или компјутер. На тој начин тие ќе знаат секогаш што ги очекува. Кога постојано имате исти правила и почитувате одредени рутини, на вашите деца им овозможувате секогаш да знаат што треба да прават и стануваат свесни кога не смеат да ја преминат границата.
Добра исхрана
Здравата исхрана е многу важна за менталното здравје на еден родител. Тоа не подразбира мусли со млеко изедени наутро набрзина, додека трчате да се спремите за на работа. Вашето тело е потребно да го снабдувате со сите потребни материи, поради тоа што во текот на денот се исцрпувате многу. Поради тоа што станувате порано, одвојте време за да подготвите здрав, хранлив појадок и појадувајте во мир и спокој. Утрата најчесто се единствениот дел од денот кога можете да уживате во мирот и тишината. Направете план за вашите оброци во текот на неделата, избегнувајте лоши избори и бидете добар пример за вашите деца.

Квалитетно време
За жал, во денешно време, поради големиот број на обврски, семејствата немаат многу време за да си посветат едни на други. Но, и за децата и за родителите е навистина огромно задоволство кога имаат повеќе време за да поминат заедно. Тоа значи дека вашите деца треба да ги научите за значењето на животот надвор од технологијата. Покажете им како да го ценат светот околу нив и како да остваруваат односи со другите луѓе. Бидете им пример за тоа како треба квалитетно да се троши време, бидејќи тоа секој успешен родител секогаш го прави.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















