Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 јануари.
Православните верници го обележуваат денот на Св. маченица Татјана.
Света Татјана потекнувала од видно римско семејство. Татко ѝ трипати бил префект на Рим. Уште од младоста била длабоко проникната од Христовата вера, а подоцна била посветена за ѓакониса.
Како христијанка била забележана од римските власти, затворена и мачена. По измачувањата била фрлена на лавовите, но овие се умилкувале околу неа како во времето кога животните живееја во мир со Адама. Најпосле ѝ ја отсекле главата.
Света Татјана пострада за Христа во третиот век.




















