Поучна приказна | Таткото, синот и двете ковчежиња

2229

Се потсетив утрово на една поучна приказна која ми е запишана во нотесот кој го разлистувам често и ми е душевна храна.

Сакам да ја споделам со вас:

Татко на смртна постела, му дава на синот инструкции каде му остава закопани две ковчежиња. Едното да го побара и отвори кога ќе му биде најтешко во животот, а другото кога ќе му биде најубаво.

Кратко време по смртта, синот останал сам, во беда, сиромаштија, глад … се осетил дека му е најтешко и го отворил едното ковчеже. Во него имало ливче на кое било запишано *нема да биде секогаш вака*.

Поминале години и синот се оженил, создал семејство, живеел убав, луксузен живот и сметал дека дошло неговото најубаво време и посегнал по другото ковчеже. И во него стоела порака која гласела *нема да биде секогаш ни вака*.

Поуката ме одржува низ тешките моменти, нема да е секогаш вака и очекувањето на поубави времиња е полесно.

Исто и во убавите моменти, се трудам максимално да уживам додека траат.

Каков и момент да имате вие, запомнете *нема да биде вака секогаш*

♡BuBaLe♡

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.