Најчести грешки на мажите кои ги прават во се*сот

1846

Сексуалната хармонија и взаемното уживање се постигнуваат само и единствено преку ефективна комуникација.

Како што вие треба да ги слушате желбите на вашиот партнер и да ги следите знаците што ги издава неговото тело, така и тој треба да го прави истото.

Понесени од возбудата, мажите често знаат да заборават да ги следат знаците на телото на својата партнерка и токму тоа е основната причина за појава на најчестите машки грешки во сексот.

Еве каде најчесто грешат мажите

Очекуваат реалниот секс да наликува на порно филм

Мажите не треба да очекуваат дека нивната партнерка ќе им ја исполни секоја сексуална фантазија и дека секогаш ќе изгледа совршено. Во реалноста жените не можат секогаш да имаат идеално мазна кожа, ниту пак имаат желба да ги имитираат порно ѕвездите. Исто така, мажите не треба да бидат преокупирани со големината на машкоста. Најголем дел од жените не бараат „надарени“ мажи.

Сметаат дека се експерти на тема секс

Гледањето на порно може да биде едукативно, но тоа понекогаш им дава погрешна претстава на мажите за сексот. Гледањето не е исто со реалноста. Некои пак се сметаат за преискусни и веднаш влегуваат во улогата на учители. Иако постојат универзални ерогени зони, секоја жена се возбудува на различни начини. Честа ситуација е мажот да се прави експерт в кревет, а жената да ги превртува очите и да глуми сексуална возбуда. Не дозволувајте вие да се најдете во таква ситуација. Подучете го и дајте му до знаење дека имате многу што да учите еден од друг.

Продолжува на страна 2