Во Австралија постои вистински град под земја, направен на местото на напуштените рудници. Неговото име е Coober Pedy и е едно од најинтересните места во светот …

Coober Pedy се наоѓа во јужниот дел на Австралија. Градот е основан во 1915. година, кога бил откриен опалot. Но, бидејќи е многу жешко, луѓето почнале да живеат под земја.

Додека биле во подземните рудници, им било пријатно, но кога излегувале надвор, едвај можеле да ја издржат горештината. Затоа одлучиле старите рудници да ги претворат во свои домови.
Денес, повеќе од четири илјади луѓе живеат во Coober Pedy, а има и неколку подземни хотели, продавници, музеи и цркви. Куќите се исто модерни како и оние над земјата. Coober Pedy стана туристичка атракција.





















