10 работи кои не се толку познати за мисијата Аполо 11 | Видео

1946

Како мириса Месечината? Како е да се оди во тоалет во услови на нулта гравитација? Што се случило со знамето?

Само се некои од занимливостите која ги открива мисијата Аполо 11.

1. Тостерот е понапредна машина од моделот Аполо 11

Иако управувачкиот компјутер на Аполо 11 (Apollo Gating Computer (ACG)) бил врв на технологијата за своето време во споредба со технологијата која ја користиме денес, има прилично “основни” можности. Computer Weekly објавил дека овој “генијален компјутерски систем” бил толку комплициран колку и џебниот калкулатор, и дека електрониката во модерните тостери е далеку понапредна.

2. Изворниот код што го одвел Аполо 11 на Месечината бил полн со хумористични и политички референци

Компјутерските програми не се особено познати по смислата за хумор, сепак, со проучување на историјата за летањето до Месечината, во 2016. година, откриено е дека вакво нешто било можно и дека постоело.

Поранешен приправник на НАСА, Крис Гари, го поставил изворниот код за летање на Аполо 11 на “GitHub” и така го покажал легендарниот пример на софтвер за летање, кој бил исполнет со шеги на сметка на жешките теми од 1960-тите.

Еден од фајловите, кој бил задолжен за навигацијата на летот до Месечината, содржи редоследот на зборови “BURN_BABY_BURN”, а неговото скриено значење алудира на DJ Magnifsent Montagu и неговата препознатлива фраза “Burn, baby! Burn”, но исто така, и Црното движење на моќта, кое се залагало за правата на афро-американскиот народ од тој период, според ABC News. Во содржината на кодот, исто така, се нашле “HELLO_THERE”, “GOODBYE. COME AGAIN SOON”,”PINBAL_GAME_BUTTONS_AND_LIGHTS”.

3. Кога слетал Аполо 11, горивото во резервоарот било при крај

Кога Аполо 11 конечно слетал, нивното снабдување со гориво било исклучително ниско. Кога алармот за првпат се слушнал, екипажот имал 60 секунди за да слета. “Кога алармот се спуштил на 30 секунди, бевме околу 3 метри од тлото. Армстронг тогаш не се грижел за броевите, а ја видов сенката на Сонцето зад нас. По неколку секунди, Армстронг потврди во Хјустон дека Орелот слета”, објасни Олдрин.

4. Армстронг е можеби првиот човек кој стапнал на Месечината, но Олдрин е тој кој прв вршел нужда на Месечината

“Таму владееше самотија како во пеколот. Се измочав во гаќи”, рече Олдрин, пред толпата луѓе која се собрала пред “Њузеумот”, музејот во Вашингтон.

5. Месечината има посебен мирис

“Мене миризбата ме потсети на расипана пепел од камин”, раскажувал Армстронг, по прашањето како мириса Месечината. Што се однесува до Олдрин, мирисот повеќе го асоцирал на “нешто како барут во воздухот, по пукање на петарда”.

6. Примероци од карпите кои екипажот ги донел од Месечината, се стари милијарди години

Медиумите многу ги интересирало што астронаутите планирале да земат од Месечината, пред нивното патување, но она што донеле било уште поинтересно. Некои од примероците од карпите што ги зеле се проценува дека се стари околу 3,7 милијарди години.

7. Потребите на екипажот не било нешто што НАСА до детали го има разработено

НАСА до детали не ги предвидела сите потешкотии со кои астронаутите би се соочиле на Месечината, како што се, на пример, вршење на итна нужда во услови на нулта гравитација. Еден од астронаутите го поминал целото патување на лекови за да ја одложи дијарејата и “нормално” да функционира за време на мисијата. Идентитетот на астронаутот никогаш не бил откриен.

8. Во исто време кога астронаутите ја завршувале својата прошетка, вселенско летало на Советскиот Сојуз паднало на Месечината

Додека екипажот на Аполо 11 ја завршувал својата работа на површината на Месечината, Луна-15, неименувано советско летало случајно се урнал на Месечината, на околу 893 километри од месечевото Море на спокојот.

9. Американското знаме најверојатно наскоро откако астронаутите заминале паднало и се распаднало

Што се однесува до судбината на американското знаме, се верува дека паднало и се претворило во пепел. Баз Олдрин рекол дека по полетувањето, пламенот на ракетата го соборило знамето. Со тек на време, црвената и сината боја на знамето неизбежно избледеле, лежејќи во Месечевата прашина, незаштитени од ултравиолетово зрачење. Се претпоставува дека и најлонот, исто така, станал со текот на времето крут, и постепено се распаднал.

10. Еден човек за да направи чекор на Месечината, потребна е огромна помош

Се проценува дека околу 400.000 научници, инженери и техничари учествувале во проектот, со цел успешно да се заврши мисијата на Аполо 11.