Иако тие прават паузи во својата кариера поради формирање семејство, сепак во некои професии се во предност.
Резултатите од новата студија покажале дека женските лекари имаат повеќе трпение од машките и се сметаат за поквалитетни во таа професија.
Студијата која во текот на четири години испитала повеќе од еден милион и половина пациенти излезе со интересни податоци – пациентите третирани од жени статистички имале поголеми шанси да преживеат, за разлика од оние кои ги лекувале лекари во истата болница.
Можеби жените имаат поинаков пристап и пациентите со самото тоа реагираат поинаку – вели Винет Арора, една од авторите на студијата.
Судејќи според овие истражувања, ако машките лекари се добри како и женските, можело да се спасат 32.000 животи годишно. Сепак, има нешто со што можат да се пофалат и мажите – поквалитетна кариера.
И покрај конкретните докази дека жените се подобри лекари, тие често прават паузи во нивните кариери заради децата, работат скратено, почесто одат на боледување и за нив е потешко да го раздвојат приватното и професионалното, во што мажите се во предност.
Меѓутоа, иако жените се поквалитетни лекари, тие и понатаму заработуваат помалку од машките колеги кои имаат околу 20.000 долари поголема плата годишно.



















