Во животот на Титовата вдовица еден број одиграл клучен фактор за нејзината судбина да биде таква, каква што била, а ова е приказна за еден малку познат факт од животот на најпознатата Личанка.
Судбината на Јованка Броз, сопругата на доживотниот претседател на Југославија и Комунистичката партија на Југославија Јосип Броз Тито, навистина е чудна, а малку е познато дека таа субина ја одредил еден број – 28 . Telegraf.rs открива зошто баш оваа бројка е од клучно значење за најпознатата Личанка, која со години живеела во строга изолација и без документи.
Одговорот на прашањето “зошто бројот 28 толку влијаел на судбината на Јованка Броз” може да се најде со внимателно читање на нејзината биографија, а еве и како:
Да тргнеме по ред …
Јованка Будисављевиќ е родена во декември 1924 година во село Печане кај Кореница, Лика, тогашното Кралство на Србите, Хрватите и Словенците, а имала 28 години кога се омажила за Тито!
Во април 1952 година, на тајна свадба во Илок, во вилата Дунавка, Јованка Будисављевиќ (28) го кажала судбоносното ДА и се омажила за Јосип Броз Тито (60). Кумови на свадбата биле Александар Ранковиќ и Иван Гошњак, а урбаната легенда меѓу Србите гласела дека нејзината мајка, на веста дека се омажила за Тито, ѝ порачала “си можела ќерко и подобар да најдеш” (оваа никогаш непроверена приказна се пренесувала од колено на колено).
Уште еден кобен настан под покровителство на бројот 28 е смртта на Јосип Броз, затоа што кога Тито починал на 4 мај 1980 година во 15:05 часот, тоа бил најтажниот ден во животот на Јованка. Дека судбината повторно се поиграла со нејзиниот живот зборува фактот дека вдовицата на Броз по 28 години брак, го изгубила својот сопруг и сакан Тито! (Никогаш официјално не се развеле).

Третата судбоноснота цифра 28, се наоѓа во фактот дека 28 години Јованка Броз поминала во заробеништво и без лични документи!
Од дочекот на Нова година 1977 година во новосадскиот хотел “Парк” Тито и Јованка не биле во брак, но никогаш не се разведле. Од тогаш, Јованка Броз била под контрола на несудените Титови наследници Стане Доланц и генералот Никола Љубичиќ. На Јованка дури и не ѝ било дозволено да го посети Тито кога заради болеста лежел на Клиничкиот центар во Љубљана.

Двајцата ја обвиниле за предавство на Тито и одржале 59 седници на претседателството на СФРЈ на која тие ја осудиле Јованка Броз. Како казна во 1981 година е екскомуницирана, одземени ѝ се личните документи, накит, целиот личен и официјален имот. Јованка долго немала лични документи, како пасош и лична карта, што било конечно решено во 2009 година.
Таа починала на 20 октомври 2013 година.
telegraf.rs



















