Повеќепати ви се случило да потрошите многу пари купувајќи некој производ, верувајќи дека е оригинален, а наскоро се испоставило дека е само верна копија од многу полош квалитет.
За да не ви се случува тоа повторно, време е да научите како да ги разликувате лажните од вистинските брендови.
Затоа, подготвивме десет корисни совети кои ќе ви помогнат во откривањето на измамите.
1. “Levi’s” фармерки

* Сите фармерки на овој бренд имаат карактеристичен штеп во облик на лак на задниот џеб, мала буква “е” на етикетата (голема е само на копиите) и дуплиран сериски број и на внатрешната страна на појасот.
* Копчињата се направени од метал и имаат гравиран “Levi Strauss” потпис на горната страна, а на долната сериски број. Нитните се изработени од челик и имаат сериски број и од една и од друга страна.
2. “Lacoste” поло маици

* Копчињата се со различни бои, бидејќи тие главно се направени од седеф. Тие се рамни, со благо испакнување во средината. Копчињата имаат две дупки и немаат натпис на себе.
* Зелениот крокодил е специјално шиен, а потоа закачен на маицата. Се наоѓа на левата страна на маицата, поблиску до долниот дел од копчето (оние кои прават копии обично забораваат на ова). Деловите на крокодилот се јасно разграничени.
3. “Victoria’s Secret” костим за капење

* Сите костими за капење на оваа марка се направени од двојна ткаенина. Еднобојните парчиња можете лесно да ги проверите со повлекување на горниот и долниот слој во различни насоки.
* Постојат 5 големини: XS, S, M, L и Xl. Копиите обично имаат само S, M и L големина. Големината на жичаните градници се означени како и другата долна облека (34А, 34В, итн.). Етикетите секогаш се розови, црни, бели или проѕирни. Земјите на производство се Кина и Шри Ланка.
Продолжува на страна 2



















