Како да го натерате детето да јаде овошје и зеленчук – дај те им име на продуктите

2471

Една шведска студија покажа дека децата попрво ќе ги јадат оние видови на намирници, кои умеат да ги препознаат според нивното име.

Научниците ставиле различни видови на овошје и зеленчук во корпа и им ги понудиле на 15-месечни деца.

Забележано е дека децата претежно посегнувале по оние видови на овошје, чии имиња ги препознале.

Затоа пред да му ја понудите на бебето кашичката од банана или јаболко, прво покажете му го секое овошје посебно и гласно изговорете го неговото име. Тоа сторете го со секоја следна намирница.

Освен тоа одлична идеја е да ги водите децата со себе на пазар и таму да им ги кажувате имињата на секој производ, што ќе го купите.

Читајте му приказни во кои овошјето и зеленчукот се именувани: Јаготка, Гравчето Мика, Моќниот Спанаќко.