Градите на жените стареат најбрзо

1035

Возраста е главен фактор на ризик за развој на рак на дојката.

Многу жени во зрела возраст се срамат од промените во градите со текот на годините, но за прв пат се појавија медицински докази кои покажуваат дека градите стареат побрзо од другите делови на телото.

“Биолошкиот часовник е вграден во нашите гени и токму тоа го објаснува зошто кај некои жени процесот на стареење може да се забави, а кај други да се појави порано од очекуваното”, објаснија експертите од Универзитетот на Калифорнија.

Според истражувањето на околу 8.000 примероци од 51 вида ткива и клетки, тие утврдиле уште дека токму возраста е главен фактор на ризик за развој на рак на дојка, кој е најчест кај жените.