Љубоморни ХОРОСКОПСКИ знаци | Некои постојано, некои никогаш

2992

Ќе дознаете и кој знак од хороскопот е најмногу љубоморен, иако се обидува со сите сили да го сокрие тоа.

Постојат и знаци чии љубоморни испади тешко можат да се скријат од јавноста …

ОВЕН

Прилично е љубоморен, далеку над она што би можеле да го наречеме нормално, со што покажува колку му е гајле за неговиот партнер. Тој е страстен во љубовта и така подеднакво се страсни и неговите љубоморни испади.

БИК

Умерена љубомора го означува овој знак, но не сака да биде таков бидејќи тоа го заморува. Тие сакаат стабилен однос во кој нема да има причина за љубомора. Сепак, понекогаш тоа е посилно од нив, па спаѓаат во категоријата надпросечно љубоморни. Тие се силни кога искушенијата се во прашање.

БЛИЗНАЦИ

Тие не се премногу љубоморни затоа што и самите сакаат да флертуваат и да бидат во центарот на вниманието. Причина за љубомора не ги сметаат туѓите погледи на партнерот како и неговото претерано дружење со спротивниот пол. Меѓутоа, кога ќе ги фати напад на љубомора, може да бидат здодевни со прашањата и коментарите како муви.

РАК

Многу се љубоморни, по зачестеност и интензитет, втори се по шкорпиите, а тие се најлоши. Тешки се во врската, но, исто така, и лојални. Склони се кон драма и преувеличување, што ги тера да мислат дека се во лоша врска, иако тоа можеби не е така.

ЛАВ

Припадниците на овој знак имаат проблеми со многу голема доза на љубомора, но се обидуваат тоа да го скријат на сите можни начини, бидејќи имаат проблеми и со егото. Сепак, луѓето кои добро ги познаваат тоа го забележуваат. Нивната љубомора понекогаш нема смисла што може да биде и хумористична.

ДЕВИЦА

Дозата на љубомора кај Девицата е под просекот, бидејќи тие се многу лојални и затоа подразбираат дека и партнерот е таков. Меѓутоа, кога нешто ќе се посомневаат, ненаметливо ќе свртат внимание на деталите на однесувањето на партнерот и ќе ги спојуваат како сложувалка.

ВАГА

По количината на љубоморни испади, во споредба со другите знаци, вагите се точно во средината. Не премногу, не многу малку. И во тој аспект на животот се неодлучни, како во некои ситуации да не можат да одлучат – да бидат љубоморни или не?

СКОРПИЈА

Најљубоморниот знак на зодијакот е Скорпија, а причините за сомнежите се гледаат во сè. На припадниците на овој знак, иако и самите знаат да зрачат со силен сексипил, ќе им пречи доколку и партнерот е таков. Најсреќните се во врска со некој кој е подготвен целосно да се посвети на нив.

СТРЕЛЕЦ

Љубомората ретко ги фаќа, бидејќи и самите имаат проблеми со верноста на партнерот. Покрај тоа, тие се многу активни и друштвени, така што немаат време ниту волја да се мачат со него. За нив постои совршена стабилна врска во која повремено можат да флертуваат и да не одовараат за тоа.

ЈАРЕЦ

Малку љубомора постои, но далеку под просекот. Припадниците на овој знак цврсто стојат на земјата, посакуваат стабилна врска и склони се да веруваат, како и Девиците, дека се подразбира партнерот да е верен, бидејќи тие се такви.

ВОДОЛИЈА

Ова е најмалку љубоморен знак на зодијакот. Толку ретко се љубоморни, по што партнерите знаат да се прашаат дали воопшто се грижат за нив. Се чини како се` да им е рамно. Тие се несигурни сами во себе и знаат да одталкаат во вонбрачни авантури.

РИБИ

Припадниците на овој знак се прилично љубоморни, повеќе од Бикот или Вагата, но помалку од Скорпијата, Овнот, Ракот и Лавот. Тие се склони на долги и стабилни врски и мразат кога нешто ќе им ја наруши таа концепција. Тие се искрени и на партнерите сешто ќе им кажат во текот на времето.