Бадниковото гранче кое според традициите на православните христијани во Македонија, а и скоро во целиот православен словенски дел на Балканот, се става во огниште или камин да гори за Бадниковата Вечер. Општо и целата куќа се украсува со Бадникови гранчиња.
Традицијата на украсување на домот со бадниковото гранче е забележана уште во 4 век. Бадниковото гранче, кое го симболизира здравјето, ги слави животот и вечната среќа. Тоа е гранче од дабово дрво, а во дамнешните времиња овие дрвја се сметале за најиздржливи и за највековити.
За разлика од другите листопадни дрвја, со почетокот на есента листовите од дабот ја менуваат својата боја, но повеќето од нив се задржуваат на гранките во текот на зимата. Според народните верувања, токму со ова дрво праведниот Јосиф запалил оган за да ги затопли штотуку родениот Исус и неговата мајка Марија.
Бадниковото гранче се нарекува и дрво на животот, исто како она дрво на животот во рајот што симболично дава вечност. Како што дабовото дрво најдолго држи жар, така оној што ќе си го постави во домот верува дека го чека вечен живот дури и по смртта.
Бидејќи дабот симболизира долговечност, здравје и издржливост народните верувања велат дека со внесување на дабовите гранчиња во домот неговите особини ќе се пренесат на сите оние луѓе што живеат во тој дом.



















