Најчести омилени лаги на поубавиот пол

1799

Покрај тоа што мажите многу често лажат, тоа го  прават и жените, а еве кои се омилените лаги на поубавиот пол.

На лагата ѝ се кратки нозете, велат старите и мудрите, а и односот помеѓу партнерите кој се базира на лагите немаат некаква перспектива, без разлика колку се чинат безопасни. Истражувањето покажало дека, без оглед на ова, првата лага која жените ќе му ја изговорат на новиот партнер е бројот на мажите со кои биле пред него.

Повеќе од половина од испитаниците тоа го признаа без каење, а после тоа обично следела уште една лага, онаа за причината за прекинување на врската која секогаш се обиделе да ја спакуваат на начин на кој тие ќе станат жртви, а при тоа да не го исплашат новиот партнер.

Едно истражување опфати речиси 1.400 жени на возраст помеѓу 18 и 30 години и речиси сите одговорија дека главната причина за лагите секогаш е заштитата на чувствата на партнерот, а само мал број дека целта била да се претстават во подобро светло.

Еве и топ листата на лагите и процентот на жените кои ги кажале

  1. Број на поранешни партнери – 52 %
  2. Причина за прекинување на претходната врска – 38 %
  3. Колку чини нејзината облека – 33 %
  4. Со што се занимава – 28 %
  5. Финансиска состојба – 25 %
  6. Години – 18 %
  7. Мамење на бившите партнери – 16 %
  8. Тежина – 12 %
  9.  Големината на градите – 9 %
  10. Природна боја на косата – 5 %
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.