Можноста за секс со робот ги подели мажите и жените во новото истражување

2283

Холивудските филмови до неодамна предвидуваа како всушност би изгледал секс меѓу луѓе и роботи, а со развојот на технологијата тоа денес повеќе не е невозможно, наведува Економик Тајмс.

Според последните истражувања кои ги спроведе Универзитетот во Медфорд, САД, повеќе од две третини од мажите би пробале секс со робот. Од друга страна, две третини од жените изјавиле дека тоа не би го направиле.

Истражувањето е спроведено за да се утврди дали луѓето во иднина би можеле да користат роботи за задоволување на нивните сексуални потреби. Исто така, истражувањето ќе даде увид во размислувањето на мажите и жените за врските и сексот.

Матијас Шојц, еден од членовите на истражуачкиот тим, изјави дека роботите ќе имаат голем ефект на луѓето.

– Тука не се работи само за секс, туку и за социјализација, рече Шојц и додаде дека роботите можат дури да предизвикаат и емоцинална штета на луѓето.

Во текот на истражувањето, мажите и жените се согласни дека посоодветно е да се има секс со робот, отколку да се ангажира проститутка. Исто така, тие се согласни дека со сексот со робот  се минимизира ризикот од сексуално преносливи болести.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.