Сите сакаат да знаат како децата да ги научат да спијат цела ноќ. Колку и да се трудат, некои бебиња тоа како да го одбиваат. Па можеби вие сте виновни. Проверете ги советите на експертите.
-
Очекувате бебето веднаш да спие цела ноќ
Тоа не е толку погрешно, колку што не е реално. Возрасните можат да спијат како бебе, но бебињата не можат да спијат како возрасни. Се додека бебињата не бидат стари меѓу осум и 12 недели, немојте тоа да го очекувате од детето.
-
Користите креветче, на кое му се спушта оградата
Од 2011 година нов стандард е страните на креветчето да не можат да се спуштаат, а во САД таквите креветчиња се повлечени од пазарот. Но тоа повеќето родители не го сфаќаат. Таквите креветчиња се оценети како небезбедни.
-
Не се придржувате кон рутината за заминување на спиење
Дури и доколку во прашање е новороденче, би требало да бидете доследни. Колку и да звучи едноставно, доследноста во рутината е клучна за детето да научи да спие. Изградете план, кој ќе ви одговара и придржувајте се кон него секоја вечер.
-
Го ставате детето во кревет со шишенце
Доколку тоа го правеле вашите родители, не значи дека тоа е добро за вас. Треба да ја избегнете зависноста на детето од хранењето за да потоне во сон. Освен тоа не би сакале детето само да се храни во текот на ноќта. Не само што ризикувате развој на кариес, туку и опасност од задушување. Судејќи според експертите на детето ретко му треба ноќно хранење по деветтиот месец.
Продолжува на страна 2



















