Современите деца никој не ги воспитува?

1682

Либералните родители опседнати со тоа дека децата мораат да се изразат, ги уништуваат кај нив добрите манири, тврдат бабите.

Пад на популарното добро однесување кај децата како седење додека јадат, употреба на зборовите “извинете“ и “благодарам“ е дело на мрзеливите родители, покажало истражувањето во кое биле анкетирани бабите на децата.

Исто така родителите се виновни што децата не сакаат да седат мирно на училиште или пристојно да ја поздравуваат наставничката.

Бабите веруваат дека децата на добри манири може да се научат само преку примери, но за жал родителите на 21 век тоа не можат да им го овозможат.

Студијата во која учествувале 100 баби открила дека 54% од децата сега седат на маса за време на ручек со своите родители.

Дури 92% од бабите во детството во текот на оброк седеле на маса, а 87% така ги воспитувале своите деца.

Лошите навики во текот на заедничкиот ручек или вечера особено ги иритирале испитаничките. Сепак тие заебелажале дека децата повеќе не гледаат во очи додека им се зборува, и не кажуваат “се извинувам“ кога некого ќе прекинат во зборување.

Многу од бабите се сложуваат дека добрите манири децата треба да ги учат од своите родители, а за нивното отсуство виновни се либералните ставови на современите родители.

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk