“Ќерко, ти си најважната личност во твојот живот и никогаш не трпи непочитување!”

2682

“Да душо, знам дека мислиш дека сум стара. И јас сум грешешела во текот на годините.

Дали некогаш си ми простила за онаа ужасна роденденска торта која се обидов да ја направам за твојот осми роденден?

Или она кога ти подарив маче не знаејќи дека си алергична на мачкино влакно?

НАПОМЕНА ⇒ Имаме потреба од оние на кои им е познат мултилев маркетингот и кои се заинтересирани за работа. По пријава следи одредување термин за презентација и запознавање со производите и начинот на работа.

Оставете порака во инбокс  со клик на: СИБИРСКО ЗДРАВЈЕ / SIBERIAN WELLNESS

Навистина ми е жал за тоа, но попат успеав да соберам некои информации кои сметам дека можат да ти бидат од помош. Секако би сакала тоа некој да можел да го стори за мене.

Се надевам дека по ова нема да ме гледаш како проседа жена во шеесетти години, туку како што навистина сум: мајка која сака нејзината ќерка да не мора да поминува низ некои тешки времиња (преку кои морав јас да поминам).

Еве кои работи посакував да ги знам во твои години.

  1. Ти си најважната личност во твојот живот

Да, го кажав тоа и навистина така мислам. Добар вид на самољубие те прави подобар човек, те прави посреќна и ти помага да ги следиш своите соништа, а во исто време, ти дава сила да им подариш љубов на оние кои те опкружуваат. Кај лошиот вид на самољубие, што е нарцисоидност, луѓето немаат намера да даваат љубов на другите.

Долго време верував дека моето “помагање” на другите всушност било мој билет за рајот. Навистина сум. Се обидував да бидам што е можно подобра пријателка. Не сум заборавила ничив роденден. Бев рамо за плачење. Верував, ако бидам таква, дека луѓето ќе ми се најдат при рака кога навистина ќе ми биде потребно, и дека тоа ќе ми биде награда што сум толку “добра” личност.

Не бев во право.

Ова не значи дека не треба да им помогаш на другите или дека другите луѓе нема да бидат со тебе кога ќе ти требаат најмногу, туку да се фокусираш на она што навистина сакаш. Не можеш вистински да ги сакаш другите, ако прво не се сакаш себеси. Ми требаше толку долго време да го сфатам ова и не сакам тоа и тебе да ти се случи.

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2