Бидејќи светските научници се обидуваат да најдат вонземски живот, треба да се има предвид дека и вонземјани може да се обидат да нè пронајдат, пишува научниот портал „Space“, повикувајќи се на најновата студија во која се наведува дека научниците откриле околу 1.000 околни sвезди недалеку од земјата поставени најверојатно да го изучуваат животот на земјата.
Астрономите досега откриле повеќе од 4.000 егзопланети користејќи го „методот на транзит“, кој регистрира мал пад на осветленоста на sвездата секој пат кога планетите ќе ја прикријат додека кружат околу неа, а вселенскиот телескоп Кеплер докажа дека оваа стратегија за откривање е многу успешна и се применува од неговиот наследник ТЕSH.
Наскоро, истражувачите ќе можат да ја скенираат атмосферата на планетите во близина за знаци на живот, а тоа пребарување ќе биде една од задачите на вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ од 9,8 милијарди долари на НАСА, кој треба да биде лансиран следната година.
Во новата студија, Калтенегер и коавторот Џошуа Пепер од Универзитетот Лехи разговараа за поинакво гледиште – дека ние сме всушност предмет на набудување, а не набљудувачи.
Научниците досега детално ги разгледаа податоците на ТЕSH и ги идентификуваа сите sвезди на растојание од 100 парсеци (326 светлосни години), кои се наоѓаат на растојание од еклиптичката орбита на Земјата околу Сонцето, бидејќи е потребна таква позиција за да се идентификува Земјата со помош на „методот на транзит“.
Ова истражување доведе до бројка од 1.004 sвезди слични на нашето Сонце, кои се во централната фаза на нивната еволуција, односно тие спојуваат водород во хелиум во нивните јадра.
Од тие, 508 од 1.004 sвездите гарантираат најмалку десетчасовно набљудување на транзитот на Земјата низ лицето на Сонцето, според Калтенегер и Пепер во новата студија.
Сепак, научниците не знаат колку планети орбитираат околу 1.004 сонца обележани со Калтенегер и Пипер, а камоли колку од овие системи се домаќини на светови кои можат да бидат погодни за живот каков што го знаеме.
Како што е наведено, тие бројки треба да бидат во појасен фокус додека ловците на егзопланети како ТЕSH ја продолжуваат својата работа, а новата студија може да послужи како водич за астробиолозите, рече Калтенегер.
Ако бараме живот во вселената што би можел да нè пронајде и со кој можеби ќе сакаме да стапиме во контакт, ова може да послужи како ѕвездена мапа за тоа каде треба прво да бараме, рече таа, според научниот портал на НАСА „Space“.



















