Тој беше толку загреан за тебе, а потоа “одеднаш“ престана. Еве ги причините кои никогаш нема да ти ги каже.
Често може да се каже дека не сте виделе како раскинувањата “доаѓаат“, а од друга страна, тие навистина можат да дојдат неочекувано. Но, не е важно како се доаѓа до нив, тие обично имаат нешто заедничко, а овие три скриени причини речиси секогаш се случуваат.
Тој чувствува дека е под притисок и дека не е соодветен за врска
Дали постојано го бркаш? Дали сакаш повеќе љубов, внимание и секс отколку што ти дава? Дали чувствуваш дека постојано се обидуваш да ги средиш работите во врската?
Во колку се пронаоѓаш во некои од овие прашања, тогаш вашата врска е во несогласност и многу е можно дека врската ја чувствува под притисок. Важно е да знаеш дека за тоа не си само ти виновна. Повеќето мажи бегаат од емоционален притисок како да е во прашање борба за опстанок (што во нивната глава и е). Тоа влијае на нивното разбирање на машкоста и ги прави да се чувствуваат несигурни, како ништо што прават за вас не е доволно добро (иако тоа често не е точно), и попрво би се повлекле, отколку да работат на проблемот.
Вашата врска ви се чини како натпревар
Ако мажот мора да се бори со жената за “контрола“ во врската, тој смета дека во животот на жената со која е, нема место за мажи. А не е лошо да се запамети дека тоа е многу важно во врските.
Ова не значи дека мажот треба да ја контролира целата врска, секоја страна треба да има контрола во одредени области, но во колку жената во врската се однесува како апсолутно да може сѐ сама и тврди дека треба да работи сама, на крајот ќе заврши – сама. Не треба да се чувствувате дека се борите со вашиот партнер за нешто, врската ја сочинува соиграчот, а не противникот. Но и што ви е тешко да му дадете да ја отвори теглата која можете и сами, да ја замени сијалицата, да ви ја отвори вратата, да се фали со неговите достигнувања и така натаму …
Не чувствува почит
Никогаш нема да бидете во можност да изградите сериозна врска со маж кој не го почитувате. За да имате стабилна врска, мора да чувствувате дека сте тука еден за друг, како и да ги почитувате мислењата. Мажот мора да знае дека во својот најслаб момент во вас ќе најде поддршка, а не осуда. Затоа ако мислите дека само мажите се – Балканци, не сте ни свесни за тоа колку жените машките емоции ги сметаат за слабост.
Нека знае дека сте способни со него да избуткате сѐ, дека не ќе може со искреноста да ја игуби вашата почит и дека вие всушност сте му најсилната поддршка која може да ја добие кога сè околу него ќе тргне наопаку.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















