Авиокомпанија која овозможува секс во авион | Видео

2338

Многумина имаат желба да станат член на ексклузивен клуб на луѓе кои се занимават со “секс во височини”. Но ако се обидете да се зачлените во “Mile High” клубот, би можеле да се судрите со многу проблеми

Прво, во авионот обично се наоѓаат други луѓе, стјуардесите постојано поминуваат, а во последно време сите ве гледаат сомнително ако едноставно се обидете да одите некаде во пар. Друга работа, просторот каде би се извел сексуалниот маневар е релативно мал и бара многу акробатски вештини.

Една авиокомпанијата од Лас Вегас нуди повеќе отколку само транспортни услуги. Така, паровите кои имаат желба да станат членови на “Mile High” клубот од сега се во можност да изнајмат “Cessna 421 golden Eagle”, којa е целосно прилагоденa да обезбеди на заинтересираните страни можност на практицирање секс без страв од горенаведените проблеми кои се можни кога користите обичен воздушен превоз.

За да се олесни самиот влез во клубот, паровите кои ќе се одлучуваат за ова ќе имаат на располагање кревет, кондоми и лубрикант, а атмосферата за да биде совршена тука е безжичниот JBL аудио систем и осветлување кои можете да ги прилагодите на вашите желби. Ние веруваме дека со таков висок квалитет на услуги бизнисот ќе цвета и ќе се развива, бидејќи да бидеме реални, ретки се оние кои немаат желба да станат членки на овој ексклузивен клуб.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.