Ефектите од прегратките се неверојатни

192

Раката околу половината или рамото го сигнализира мозокот да произведува помалку хормони на стрес.

Секојдневно примањето (но и давањето) прегратки може да биде еден од најдобрите начини да го сочувате вашето здравје.

Смирува нервен систем

Раката околу половината или рамото го сигнализира мозокот да произведува помалку стресни хормони.

Имунитетот расте

Лачењето на стресните хормони, вклучително и кортизолот, се намалува, што овозможува да се зголеми бројот на клетки кои се природни уништувачи на штетните микроорганизми.

Подобар сон

Само 10 минути гушкање пред спиење ќе ви помогне полесно да заспиете, па дури и прегратките преку ден ќе ви го олеснат заспивањето кога легнувате навечер.

Телото е преплавено со хормони на среќа

Се зголемува нивото на серотонин, невротрансмитерот кој делува како природен аналгетик и антидепресив, т.е. окситоцинот, т.н. љубовен хормон.

И оној што прегрнува станува со подобра волја

Оној што прегрнува може да почувствува уште поголеми придобивки од оној што е прегрнат. Нашите тела се програмирани да уживаат во допир, што, се разбира, вреди само кога луѓето кои гушкаат се скаат или си се допаѓаат едни со други.