Дали престанавме да бидеме луѓе | Овој текст на Момо Капор ќе ве натера да се замислите

2072

Било кој социјален статус да имате.

Секој од нас може да помогне нечиј живот да стане барем малку поубав. Ако текстот во тоа успее, тогаш ја исполнил својата цел. Го пренесуваме без измени.

“Гледам, од контејнерот излегува девојка со темна кожа и долга кадрава коса. Таа личи на ангелот на Ботичели. Се крева од ѓубрето како мала Венера од школка и матна морска пена која ја повратил градот.

Девојката ѝ вели на мајка си: “Нема …”

Дали има пократок и позастрашувачки збор од тоа вечното “нема”? Тој збор трае премногу долго.

Мајката вели: “Погледни уште малку …”, и детето повторно го снема во ѓубрето.
Стојам запрепастен од глетката. Еден мој пријател, и самиот сиромашен, никогаш не ги фрла остатоците од лебот во ѓубре. Тој ги става во најлонска кеса покрај контејнерот. Лебот мистериозно исчезнува, штом ќе влезе во куќата. Гладот има четири очи.

Гладни со векови, купуваме повеќе леб отколку што нѝ треба. А потоа го фрламе. Лебот во ѓубрето не е добра глетка. Тоа претскажува зло. И злото доаѓа.
Нашите стари нѐ учеле да го подигнеме парчето леб, кој паднал на земјата, да дувнеме во него, да го бакнеме и да се прекрстиме. Еднаш ја видов принцезата Елисавета како крева парче леб кое ѝ паднало, како го бакнува и се крсти. Добар, заборавен обичај, полн со почит кон лебот. Заборавен, како и стариот збор – задолжница (фондација).

Старите белградски трговци, прогласени по војната за капиталисти, оставиле зад себе задолжница. Денес постојат многу побогати од нив, но повторно, никој ништо не остава. Се стиснале и молчат.

Нашите, кој успеале во белиот свет: нафтени магнати, банкари, индустријалци … никој да му подари на градот чесма, јавен објект, скулптура, стипендија, топол оброк за сиромашните … На кого сето тоа ќе му го остават? На своите деца? Но, ние знаеме: секогаш постои една генерација која стекнува, и онаа другата, која растура. Никој ништо нема да земе на оној свет, кога еднаш ќе замине.

Загубени се сите вери, освен религијата на стекнување.

И без оглед на тоа дали ограбувале, експлоатирале, цицијашеле, старите трговци, тогашни контроверзни бизнисмени, сепак сето тоа го оставале, некако да ја искупат грешната душа.

Продолжува на страна 2