И најмала ситница на лицето открива дали насмевката е искрена или не е

3524

Насмевката е визуелна експресија на позитивни емоционални состојби како радост, веселба, среќа и олеснување.

Во некои ситуации може да биде предизвикана со спротивни емоционални состојби, како што е срамот, изговор, збунетост или може да е тоа насмевка во насока на додворување. Дали нечија насмевка е искрена открива една мала ситница на лицето забележлива во неколку секунди.

Децата се смеат многу почесто од возрасните: просечно детето се насмевнува 300 до 400 пати дневно, во споредба со возрасните кои се насмевнуваат само 15 до 20 пати дневно.

Дали нечија искрена насмевка се открива со ситница на лицето забележлива во неколку секунди?

Смеата се користи како сигнал за припадност на некоја група – го сигнализира прифаќањето и позитивните интеракции со другите. Смеата понекогаш се чувствува како заразна, а смеата на некоја личност може да предизвика смеење кај другите како позитивна повратна врска.

Проучување на хуморот и смеата и нивните психолошки и физиолошки ефекти на човечкото тело се нарекува гелотологија.

Прочитајте и 5 “чудни” факти за смеењето кои не ги знаете.

А како да се “прочита“ дали нечија насмевки е искрена или не е? Тоа го открива таа ситница која може да се забележи во само 3 секунди. Имено, кај лицето кое искрено се смее, се појавуваат бори и околу усните и очите. Кога насмевката е форсирана, односно лажна, борите се појавуваат само околу усните.

Исто така, кога лицето има силни, искрени чувства, очите се навлажнуваат и мора да проголта повеќе слинка. Ако нема ниту една од овие работи, тоа значи дека чувствата и насмевката на лицето не се искрени.

Дознајте и како “занемарена” ситница на лицето открива каква личност сме.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.