Некои домашни лекови против настинки се пренесуваат од генерација на генерација. Но, дали се баш сите ефикасни?
Есента пристигна и многу луѓе деновиве веќе шмркаат. Ако се разболите од настинка или грип, веројатно ќе барате соодветен лек.
Агенцијата dpa со прашање до научниците до кој степен добро познатите домашни лекови се ефикасни во лекувањето на настинки и грип.
Лек: Смирување на болки во грлото со гаргара
Ефективност: Ефикасно
Гаргара со солен раствор или билни чаеви ја навлажнува мукозната мембрана, но само површно.
„Воспалението на подлабокиот дел од мукозната мембрана на грлото останува недопрено“, тврди германскиот здравствен фонд SGesundheitswissen.
Нема доволно научни докази дека гаргарањето помага во лекувањето на болки во грлото.
Но, може да ја намали болката. Истражувањата покажуваат дека солен раствор во спреј придонесува за подобрување на болното вирусно запаление на грлото, покажуваат податоците на германскиот државен центар за здравствена едукација (BZgA).
Лек: Вдишување на водена пареа за чистење на синусите
Ефективност: Нејасна
Кога се настинати, многу луѓе ја наведнуваат главата над сад со топла вода, што често е ефективно. Вдишувањето на пареа помага природно да се исчисти мукозната мембрана, а топлата пареа ја навлажнува, објаснува Германската здравствена фондација.
Истражувањата покажуваат дека иако симптомите не се подобруваат значително, вдишувањето топла пареа сигурно не ја влошува настинката, тврди Центарот за истражување Cochrane.
Доколку имате намера да го пробате овој тип на домашно лекување, вдишете ја пареата на приближно 38 до 42 степени Целзиусови, советува BZgA.
Лек: Топла лимонада за лекување на настинка
Ефективност: Во одредени случаи
Свежите лимони содржат витамин Ц, кој му е потребен на вашиот имунолошки систем, тврди BZgA. Сепак, се советува само да се меша сокот од лимон со малку потопла вода, бидејќи во спротивно ќе се уништи витаминот кој е доста чувствителен на топла вода.
„Ефикасноста на овој домашен лек за настинка се уште не е потврдена“, тврди германски BZgA.
Лек: Пилешка супа
Ефективност: Делува
Кога се болни, многу луѓе консумираат пилешка супа, која е докажано дека делува. Конзумирањето топла или жешка пилешка супа ги проширува крвните садови и го подобрува протокот на крв во ткивото, објасни Германската здравствена фондација.
„Генерално, топлите течности ги олабавуваат секретите и им помагаат подобро да се исцедат.“
Покрај тоа, според истражувањето на Универзитетот во Небраска, пилешката супа му обезбедува на телото клучни хранливи материи и има антиинфламаторно дејство.
Лек: Стимулација на имунолошкиот систем со ѓумбир
Ефект: Делува
Ѓумбирот ја стимулира работата на имунолошкиот систем бидејќи дури и мали количини ги стимулираат белите крвни зрнца да бидат на подготвеност, покажа студијата на Универзитетот Leibniz.
Ѓумбирот содржи многу медицински ефикасни состојки, тврди Roman Huber, директор на Универзитетскиот центар за натуропатија во Freiburg.
Според BZgA, содржи супстанции кои имаат антиинфламаторно дејство и ги штитат клетките на телото.



















