Тест на личноста | Дали ве води срцето или разумот?

216

Начинот на кој реагираме во одредени ситуации открива многу работи за нашата личност.

Колку отворени ги искажувате вашите емоции? Дали лесно експлодирате во критични ситуации?

Ако сакате да дознаете дали ве води срцето или разумот, следниов тест може да ви помогне само доколку искрено одговорите на прашањата.

Негативните одговори на првите 10 прашања носат по 1 поен, а позитивните 0. За останатите прашања, ставајте си по 1 поен за ДА, а 0 за НЕ.

1. Дали ви е непријатно кога ќе се расплачете на јавно место?

2. Дали мислите дека солзите се знак на слабост?

3. Дали верувате дека момчињата и мажите не треба да плачат?

4. Дали плачете додека читате тажни приказни или гледате тажни филмови?

5. Дали ги почитувате политичарите кои јавно ги покажуваат емоциите?

6. Дали мислите дека солзите се непотребни кога станува збор за изразување на емоциите?

7. Кога сте нерасположени, дали му го покажувате тоа на друштвото?

8. Дали се чувствувате непријатно кога ќе видите возрасен маж како плаче?

9. Дали ве изненадуваат луѓето кои не можат да ги забележат туѓите солзи или страдање?

Продолжува на страна 2