Startup се обидува да одговори на едно од клучните прашања | Дали е можна бременост во вселената?

790

Доколку успеат, тоа би можело да биде првиот чекор кон создавање безбедни и стабилни вселенски колонии.

Ако луѓето сакаат да патуваат на подолги вселенски патувања и да освојуваат други планети, ќе мора да се справат со цела низа потенцијални проблеми. Од тоа како да дишете и како да се прехраните на долгите патувања или негостопримливоста на планетите, па сé до како да го продолжите видот.

Со второто се занимава холандскиот startup, SpaceBorn United. Имено, тие се зафатиле со проблемот со човечката репродукција во вселената.

Како што објавија на својата веб-страница, направиле прототип на мала направа за in vitro оплодување и мал инкубатор за ембриони, кои планираат да ги испратат во вселената и да спроведат цела серија експерименти. Нивната цел е да проверат дали зачнувањето е воопшто можно во вселенски услови на недостаток на гравитација, високо ниво на радијација и ограничени услови за живот.

Прототипот на уредот за in vitro оплодување не е поголем од обично CD и ќе користи микрофлуидна технологија. Идејата е дискот да ротира за да ги симулира ефектите на гравитацијата на Земјата во просторот со нулта гравитација.

Од SpaceBorn United истакнуваат дека нивниот план е да ги спроведат првите тестови на клеточно ниво, на ќелии од глувци.

Мисијата наречена ARTIS (Assisted Reproductive Technology in Space), треба да трае шест дена, за време на кои јајце клетките на глувците ќе бидат оплодени и, штом клетките ќе почнат да се делат во вештачка гравитација, ембрионите ќе бидат криогенски замрзнати и вратени на Земјата да се испитаат.

После тоа, ембрионите на глувчето зачнати во вселената треба да се пресадат во мускулите за да може да се следи понатамошниот развој на ембрионите и бременоста (или во овој случај раѓање).

Иако првично планирале да го лансираат прототипот и да го тестираат во август 2023 година, ова сега е поместено за почетокот на 2025 година. Од компанијата истакнуваат дека сигурно се надеваат дека ќе ја завршат мисијата во следните пет години.

Ако мисијата оди според планираното, следниот чекор треба да вклучи човечки матични клетки. Нивната желба е да го дефинираат минималното ниво на гравитација потребно за развој на здрав ембрион.

Иако теоретски сé звучи јасно, холандскиот startup истакнува дека сé уште со години се далеку од било каква потенцијална репродукција во вселената. Особено кога ќе се земе предвид колку е напорна и предизвикувачка работа на Земјата.

Но, ако успеат, тоа би можело да биде првиот чекор кон создавање безбедни и стабилни вселенски колонии.