Откриена Нова Тајна во Делото на Да Винчи | “Доказ за Неговиот Гениј”

1130

Како што истакнуваат во студијата, овие откритија дале вредни нови сознанија за методите и материјалите за сликање на Леонардо да Винчи.

Ремек-делото на Леонардо да Винчи, Мона Лиза, е познато како слика која криела многу тајни. Од начинот на сликање до боите кои се користеле, се чини дека научниците откриле уште една нејзина тајна – ретко хемиско соединение во бојата.

Како што е наведено од француски и британски научници во студија објавена во списанието ACS Publications, нивната анализа на микро примерок од основниот слој на бојата открила уникатна мешавина од високо сапонифицирани масла (масла комбинирани со алкали) и висок процент на олово и бел оловен пигмент на кој му недостасува церузит.

Покрај тоа, тие откриле ретко соединение наречено плумбонакрит, соединение кое е стабилно само во алкалната средина на првиот слој на боја. Научниците истакнуваат дека ова е потврда дека Да Винчи користел оловен оксид во прав за згуснување и сушење на бојата.

Тие истакнуваат дека реткото соединение на основниот слој било различно во рецептот за маслена боја, што укажува на тоа дека Да Винчи имал намера да подготви густа боја за покривање на дрвениот панел на кој била насликана Мона Лиза.

Но, тоа не е единственото откритие што ги изненади научниците и историчарите на уметност. Покрај плумонакритот, откриено е и соединението шанонит, што е прв ваков случај на историска слика. Иако самиот Да Винчи ги спомнал неговите рецепти за бои во своите белешки, тие не биле прецизни ниту пак откриле кои соединенија точно ги користел при мешањето на боите.

Како што истакнуваат во студијата, овие откритија дале вредни нови сознанија за методите и материјалите за сликање на Леонардо да Винчи.