Отворете ги очите ! Ова се петте најрани знаци на рак на кожа на кои треба да обрнете внимание

1267

Бројот на луѓе кои боледуваат од рак на кожата рапидно се зголемува низ целиот свет.

Меланомот е малигнен тумор на кожата кој произлегува од меланоцити – специјализирани клетки кои произведуваат меланин. Меланомот спаѓа во групата на најагресивни и најотпорни малигни тумори на лекување кај луѓето. Сепак, добрата вест е што едноставно може да се открие навреме и ефикасно да се лекува.

Еве неколку упатства кои ќе ви помогнат да ги толкувате пораките што ви ги испраќа вашата кожа, но за да бидете сигурни, треба да посетите стручно лице.

Загрижувачки е растечкиот тренд на нови случаи на болеста. Токму затоа дерматолозите ја нагласуваат големата важност од редовното прегледување на бенките, како и сите други необични промени на кожата кои можат да бидат знак за рак на кожата.

Еве пет рани знаци кои може да укажуваат на рак на кожата, пишува Sun: сомнителни бенки кои ја менуваат формата или бојата, грутки кои не знаеме како настанале, темни линии на ноктите, хроничен замор дури и по одмор и ненадејно губење килограми.

Кога подобро ќе ги погледнете…

Иако повеќето од нив се бенигни, во некои случаи можеби ќе треба внимателно да погледнете за да бидете сигурни дека сè е во ред.

Во идеален сличај, треба да ги испитате областите на телото кои имаат бенки со помош на огледало, на пример, да барате бенки на места кои се редовно изложени на сонце (лице, раце, нозе, раце, гради и грб).

Можете исто така да побарате пријател или некој друг да ви помогне.

Во секој случај, треба да посетите дерматолог ако забележите некој од следниве знаци: бенката изгледа поинаку од другите на телото, се појавува по 30-тата година од животот, предизвикува чешање или крварење, неизедначена боја, има неправилни промени во формата или едната страна изгледа поинаку од другата или нејзиниот дијаметар е поголем од дијаметарот на гумата за молив.

Лекарите предупредуваат дека има и други знаци кои може да укажуваат на рак на кожата.

Тоа може да биде пожолтување на очите и кожата (жолтица), акумулација на течност во абдоменот и необјаснета абдоминална болка…