Поради големото влијание врз развојот на растенијата, врз границата на снегот и водниот циклус, оваа информација зазема исклучително место во метеоролошката прогноза и игра голема улога во секојдневниот живот на алпската област.
На швајцарската метеоролошка служба и требаше рекордно искачување од речиси 5.300 метри за да ја измери ознаката 0°C, соопшти во понеделникот MeteoSuisse, додека во поголемиот дел од земјата беше прогласена тревога за топлотен бран.
Радио станицата Payerne, во североисточна Швајцарија, измери ноќта на 21 август 2023 година, изотерма од 0°C на височина од 5.298 метри, што е највисоко од почетокот на мерењата во 1954 година, објавија швајцарските синоптичари на социјалната мрежа Х (Twitter).
Претходниот рекорд е измерен на 25 јули 2022 година на 5.184 m, додава MeteoSuisse.
Температурата се намалува со висината, а висината над која температурата се спушта под 0 степени варира во зависност од годишното време и метеоролошките услови.
Таа изотерма од нула степени ги одвојува воздушните слоеви со температури над 0°C на пониски височини и оние со температури под нулата на повисоки надморски височини, објаснува метеоролошката служба на својата веб-страница.
Поради големото влијание врз развојот на растенијата, врз границата на снегот и водниот циклус, оваа информација зазема исклучително место во метеоролошката прогноза и игра голема улога во секојдневниот живот на алпската област.
Швајцарија, како и добар дел од Европа, во моментов е под влијание на топлотен бран со температура која надминува 30°C на надморска височина до 800 метри од петокот.
Топлотниот бран ќе трае до четврток, а се очекуваат температури и до 37°C.



















