Голема промена за речиси 1,4 милијарди вработени ширум светот | Еве ги предвидувањата за следните 3 години

889

Состојбите на пазарот на труд радикално се менуваат, а овие промени ќе ги почувствуваат многу вработени.

Иако многу студии за влијанието на вештачката интелигенција врз иднината на пазарот на труд покажаа прилично загрижувачки резултати, резултатите од едно од најновите студии спроведени од IBM покажуваат дека сепак сè не е толку сиво.

Она што е сигурно е дека вештачката интелигенција значително, веројатно и радикално ќе влијае на пазарот на трудот и дека многумина ќе останат без работа, но сепак постои друга страна на паричката која покажува малку поинаква слика.

Истражувачите од IBM ја засноваа својата студија на две претходни истражувања – едното спроведено меѓу директори на 3.000 компании од 28 земји, а другото спроведено меѓу приближно 21.000 вработени од 22 земји. И таа студија го заклучува она што на сите им е јасно, а тоа е дека со вештачката интелигенција работите никогаш повеќе нема да бидат исти. Но, тоа не значи дека работите ќе бидат полоши, напротив.

Имено, речиси 90 отсто од анкетираните директори сметаат дека вештачката интелигенција нема да се имплементира во компаниите за да ги замени луѓето, туку да ги подобри нивните способности, односно да ги направи попродуктивни и поефикасни. За да се постигне ова, односно луѓето да бидат попродуктивни и да не бидат отпуштени, потребна е една важна работа – стекнување вештини.

IBM смета дека во текот на следните 3 години, дури 40 отсто од вработените (според ZDNet, станува збор за речиси 1,4 милијарди луѓе на глобално ниво) ќе мора да ги променат своите вештини, односно да научат нови, пред се вештини поврзани со вештачката интелигенција.

Како најважен заклучок од истражувањето на IBM нагласуваат:

AI нема да ги замени луѓето, но затоа луѓето кои користат вештачка интелигенција ќе ги заменат оние кои не користат вештачка интелигенција. Истото веќе извесно време го повторуваат бројни експерти кои ги поттикнуваат вработените да се образуваат за да бидат подготвени за времето кога нивните компании ќе стават уште поголем акцент на вештачката интелигенција и нејзината имплементација во секојдневните деловни процеси.

Алатките како ChatGPT се толку напредни што им овозможуваат на вработените да прават повеќе со помалку знаење. Најважното знаење или вештина во иднина ќе биде употребата на вештачка интелигенција и алатки за вештачка интелигенција кои ќе им овозможат да бидат конкурентни на пазарот на трудот.

Што се однесува до вештините на вработените, STEM веќе не е во преден план, туку вештини како што се управување со луѓе, способност за ефективно работење во тимско опкружување, ефективна комуникација, подготвеност за промени итн.