Последици од физичката неактивност

217

Повеќечасовна телесна неактивност во текот на денот е поврзана со поголем ризик за дијабетес и срцеви заболувања дури и кај лица кои редовно вежбаат.

Воочената врска била присутна кај лицата од двата пола, без оглед на животната возраст и телесната маса, објавија научници од „Albert Einstein College of Medicine“ во Њујорк.

Во нивното истражување се користени податоци собрани во текот на три години од околу 12.000 испитаници.

Најмалку телесно активните учесници во истражувањето имале шест отсто помала концетрација на т.н. добриот (ХДЛ) холестерол во крвта и 16 отсто поголема концентрација на триглицериди, масти поврзани со срцеви заболувања.

Кај нив е забележана и просечно поголема концентрација на шеќер во крвта и поизразена резистенција на инсулин, додава стручното списание „Circulation“.